Кардашијаните се повторно ограбени!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.01.2017 - 13:45

После помалку од четири месеци откако Ким Кардашијан беше спектакуларно ограбена во хотелска соба во Париз, славното семејство повторно беше мета на ограбувачи!

Овојпат, грабежот се случи во продавницата DASH на Авенијата Мелроуз, а оваа продавница е во сопственост на Ким, Клои и Кортни Кардашијан. Според досегашните извори, непозната жена од продавницата украла облека и парфеми во вредност од 1.600 долари, а потоа избегала со сребрен автомобил во непознат правец.

Кардашијаните сѐ уште немаат дадено официјална изјава за овој немил настан, но што се 1.600 долари во споредба со украдениот прстен кој чинеше неверојатни 4 милиони долари?