Кара Делевин напиша роман!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.03.2017 - 14:22

Една од најпознатите супер модели, Кара Делевин, модната писта прво ја замени со глума, а сега најавува и несто ново. Вчера објави дека го напишала својот прв роман под насловот “Mirror, mirror”, кој за неколку месеци ќе се најде во книжарниците.

“Уште еден неверојатен момент. Го најавувам својот прв роман Mirror, mirror кој ќе излезе во октомври. Многу сум возбудена.” – напиша Кара на инстаграм.

“Ова е приказна за 16 годишните пријатели Ред, Лео, Наими и Роус кој покушаваат да откријат кој се навистина и балансираат помеѓу училиштето и љубовниот живот. Ги обожувам овие ликови и за тоа што се борат и тоа што оваа приказна претставува.” – го опиша својот детски роман 24 годишната манекенка.

Романот ќе се појави во книжарниците на 5ти октомври.