Кара Делавињ на хуманитарна мисија во Уганда!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.01.2017 - 14:27

Манекенката која се обидува да стане актерка, Кара Делавињ, во последно време не беше многу присутна на црвениот килим или на модните писти, но поради навистина убава причина.

Имено, 24-годишната Кара во партнерство со Обединетите Нации отиде на хуманитарна мисија во кампот за бегалци Бидибиди во Уганда, каде им помагаше на бегалците од Јужен Судан.

Таа своето искуство го сподели на социјалните медиуми, каде повика на свесност за фактот дека повеќе од 450.000 бегалци од Јужен Судан престојуваат во Уганда од минатиот Јули.

Според Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, од 2013 година па наваму воените конфликти во Јужен Судан принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови, а нивните човекови права беа прекршени со ужасни злосторства. Кампањата во која е вклучена Кара Делавињ е насочена кон овозможување на образование и пристоен живот на младите девојчиња-бегалци. Огромно браво за Кара!