Каналис, сега и со фотка!

[01.02.2012 - 23:15 часот]

Таа беше во врска со најпосакуваниот ерген на светот - Џорџ Клуни, но сега Елизабета Каналис ја изненади светската јавност со нејзината изненадна романса со Стив-О, контроверзниот каскадер од шоуто "Jackass".

Италијанската убавица (33 години) ги потврди гласините за новата врска кога се наведна за да го бакне "откачениот" глумец после нивниот заеднички ручек во Холивуд вчера.

Иако пред два дена двете ѕвезди не сакаа да одговорат на прашањата за нивниот статус во видеото објавено од "TMZ", тие не се срамеа да ги покажат взаемните симпатии на вчерашната вечера.

Поранешната учесничка во шоуто "Dancing with the stars" која беше облечена во бел макси-фустан беше "фатена на дело" од папараците додека седи во скутот на нејзиното момче, а подоцна и како го држи за неговиот задник.

И нормално, сите се запрашуваат како всушност каскадерот ја освоил оваа убавица, на што пријателите на Стив-О одговориле дека Елизабета не можела да оддолее на неговата смисла за хумор.

"Тој секогаш ја смее Елизабета, а тоа е нејзината слабост. Откако Стив е трезен, тој е многу почувствителен и интроспективен, па така Елизабета го добива најдоброто од двата света", откриваат извори блиски на парот.

[назад]
Радио МОФ