Канадската секс бомба Оливија Пирсон за убав викенд!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.02.2017 - 16:32

Оливија Пирсон е канадска блогерка, влогерка и ѕвезда од реалните шоуа. Таа е родена на 20-ти август 1989 година, а веќе е огромна ѕвезда на социјалната мрежа Инстаграм.

Убавата Канаѓанка е една од учесничките во реалното шоу "WAGS", а веќе долго време е вклучена во проектот за собирање на средства за помош на жените заболени од рак на дојка.

Оливија има преку еден милион следбеници на Инстаграм, каде генерално објавува совети поврзани со шминка и мода.

Кога станува збор за мажите, вели дека во моментов е слободна и во потрага по нова љубов, а преферира спортисти. Па, ако се вклопувате во овој профил, слободно пишете и на нејзиниот Инстаграм профил.

Доколку ви требаат повеќе информации за неа пред да и пишете, тогаш треба да знаете дека таа многу сака забава, хумор и често е саркастична. За себе вели дека е понекогаш е повлечена, чувствителна, страствена, лојална и секогаш подготвена за добра забава, а не и пречат ни шегите на сопствена сметка. Звучи совршено, зар не?