Каков облик на женско тело посакуваат мажите?

Каков облик на женско тело посакуваат мажите?

Конечно стигнаа резултатите од студијата која имаше за цел да ги анкетира мажите ширум светот за да открие кој облик на женско тело им е најпривлечен.

Како што пишува Indy100, мажите во голема мера ги одбирале оние облици на женско тело кои сугерираат младост.

Мажите од десет земји добиле задача да ги подредат различните облици на женско тело, од оние кои им се најпривлечни до оние кои им се најмалку атрактивни.

Најпопуларен облик на тело се покажал оној на кој индексот на телесна маса изнесува 19, што е долната граница на здрава телесна тежина. Се под оваа граница се смета за неухранетост и води кон анорексија.

Исто така се покажало дека со зголемувањето на индексот на телесна маса (BMI) привлечноста на женското тело се намалува.

“Фит изгледот во еволутивна смисла се сведува на две работи – опстанок и способност за репродукција. Она што сакавме да го истражиме е дали идејата да гледаме во некој и тој некој да ни е физички атрактивен и привлечен е впрочем втемелена на еволутивната идеја дека овие луѓе се способни за опстанок и репродукција”, изјавил професор Џон Спикмен.