Како до здрава и хидрирана кожа?

Како до здрава и хидрирана кожа?

Поголемиот дел од луѓето сметаат дека сувата кожа и дехидрираната кожа се иста работа, но сепак се работи за две сосема различни состојби на кожата. 

post cover photo

Сувата кожа е состојба кога нема доволно природно масло во кожата и овој проблем најчесто е постојан. Дехидрирана кожа, пак може да се појави и да исчезне, бидејќи тоа е состојба кога кожата има недостаток на влажност под површинскиот слој. Кога вашата кожа е дехидрирана тогаш имате чувство на затегнатост и надворешниот слој на кожата изгледа затегнато. Доколку постојано се случува да имате такво чувство, тогаш еве неколку работи кои е препорачливо да ги правите.

Заштитете го лицето во студените денови

Студените, суви зимски ветрови можат многу брзо да ја дехидрираат вашата кожа. Затоа, секој пат кога ќе излегувате надвор, а времето е постудено, заштитете го лицето со марама или шал. Кај некои луѓе кожата на лицето е повеќе подложна на дехидрација, додека кај некои помалку. Поради тоа ако вашата кожа е почувствителна, не напуштајте го домот без марама или шал уште од првиот ден кога ќе се намалат температурите.

Внимавајте со ексфолијацијата

Доколку вашата кожа е дехидрирана тоа може да биде како последица од продукти кои ги користите за ексфолијација. Избегнувајте скрабови кои содржат хемикалии и заменете ги со природни ексфолијатори, како маслиново масло и кафе. Нежно масирајте ја кожата со кружни движења.

Заштитете се од сонцето

Сонцето исто така ја дехидрира кожата, па затоа потребно е секојдневно да нанесувате крем за заштита од сонцето, кој ќе ја заштити вашата кожа. На сите ни е познато дека сонцето може да ѝ наштети на кожата и може да предизвика предвремено стареење, но доколку вашата кожа е склона на дехидрација, тогаш ситуацијата може да се влоши.

Поминувајте помалку време во туширање и избегнувајте врела вода

Кога вашата кожа е дехидрирана можеби туширањето подолго време ви звучи како добра идеја, но сепак тоа ги зголемува проблемите со кожата. Поминувајте помалку време во туширање и избегнувајте врела вода. Долгите туширања со врела вода ја намалуваа природната влажност на вашата кожа и тоа може да биде една од причините за дехидрација.

Избегнувајте го базенот

Една од честите причини поради која кожата дехидрира е честото пливање во базен, бидејќи водата со хлор негативно влијае на кожата. Хлорот е премногу груб за кожата, па поради тоа ја дехидира и ја остава сува и со затегнато чувство.

Купете освежувач за воздух

Во зимските денови топлењето во домот го суши воздухот и со тоа може да предизвика дехидрирана кожа. Најлесниот начин за да се справите со тоа е доколку купите освежувач за воздух. На тој начин ќе вратите дел од влажноста во воздухот, а вашата кожа ќе престане да дехидрира.

Сменете го сапунот со кој го миете лицето

Доколку веднаш откако ќе го измиете лицето чувствувате како кожата ви е затегната и сува, тогаш е време да го смените сапунот. Грубите сапуни лошо влијаат врз кожата, па затоа одберете некој кој повеќе ќе ви одговара.

Употребувајте дневен и ноќен крем за хидрирање

Покрај сите овие работи, најдобро е редовно да употребувате Taiva Hydro Activeдневен и ноќен крем, кои се идеално решение за сува и многу сува кожа, грубост на кожата и пренагласена сувост за време на третман против акни. Кремите се со лесна структура, без парабени и без силикони и моментално ја хидрираат и најсувата кожа. По најмалку 28 дена редовна употреба се забележуваат видливи и трајни резултати.