Како семејството Трамп ја дочека новата 2018та година?

Како семејството Трамп ја дочека новата 2018та година?

Доналд Трамп заедно со своето семејство приреди новогодишна забава во „Mar a Lago“, нивната приватна резиденција на Флорида.

За таа пригода првата дама на Сад, Меланија Трамп одлучи да облече блескаво бледо розово фустанче со везени цветови и потпис на Ердем, кое чини „само“ 3075 евра.

Иако целото медиумско внимание годинава беше насочено кон нејзиниот сопруг, се чини дека крајот на старата и почетокот на Новата година го одбележа токму таа, но во лошо светло. Twitter веднаш ја искритикува поради  модниот избор, како поради цената, така и поради самиот фустан.

Изгледот на Меланија повеќе потсетуваше на 80-тите години кога токму овие фустани со шљокици од глава до пети беа во мода.

На Новогодишната гала присутна беше и ќерката на Доналд Трамп од неговиот прв брак, Иванка Трамп која со своето семејство самоуверено позираше пред блицевите на многубројните камери.