Како правилно да ги изведувате вежбите за стомачни мускули

Како правилно да ги изведувате вежбите за стомачни мускули

Сите посакуваат да ги покажат стомачните мускули на плажа за време на летото, но сепак малкумина ги вежбаат стомачните, а уште помалку тоа го прават правилно.

За да дознаете како правилно и со максимални резултати да ги вежбате стомачните мускули следете ги следниве 3 фундаментални  принципи:

1. Блокирање на воздухот

Прво и основно, стомачните не можат комплетно да се контрактираат кога има воздух во белите дробови. Ова значи дека задржувањето на воздухот додека ги изведувате вежбите оневозможува комплетна мускулна контракција и не ги изведувате вежбите на правилен начин.

За да ја исправите оваа грешка, издишите на секое повторување нагоре и  стиснете ги стомачните најсилно што можете. Не треба да правите 100 повторувања, доволни се и 10-15 правилно изведени повторувања.

2. Одмор/Пауза

За разлика од другите мускули на вашето тело на кои им треба и неколку минути за да се опорават, стомачните мускули се опоравуваат за неколку секунди. Бидеќи побрзо се опоравуваат најдобро е да ги вежбате со постојано движење од една вежба на друга, па се’ до тотална исцрпеност.

3. Започнете со долните стомачни

Стомачните мускули се состојат од  долни, горни и странични. Започнете со долните стомачни мускули прво, бидеќи при изведувањето на првата вежба веќе ги контрактирате сите останати. Значи, како што се концентрираме на долниот дел од стомакот, секундарно работат и горните и страничните мускули.

И за крај, за навистина да успеете да ги покажете стомачните мускули треба и да следите диета богата со протеини, за да се подобри развојот на мускулите и да вметнете кардио во вашиот тренинг.