Како правилно да ги изведувате вежбите за стомачни мускули

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 23.11.2016 - 21:01

Сите посакуваат да ги покажат стомачните мускули на плажа за време на летото, но сепак малкумина ги вежбаат стомачните, а уште помалку тоа го прават правилно.


За да дознаете како правилно и со максимални резултати да ги вежбате стомачните мускули следете ги следниве 3 фундаментални  принципи:

1. Блокирање на воздухот

Прво и основно, стомачните не можат комплетно да се контрактираат кога има воздух во белите дробови. Ова значи дека задржувањето на воздухот додека ги изведувате вежбите оневозможува комплетна мускулна контракција и не ги изведувате вежбите на правилен начин.

За да ја исправите оваа грешка, издишите на секое повторување нагоре и  стиснете ги стомачните најсилно што можете. Не треба да правите 100 повторувања, доволни се и 10-15 правилно изведени повторувања.

2. Одмор/Пауза

За разлика од другите мускули на вашето тело на кои им треба и неколку минути за да се опорават, стомачните мускули се опоравуваат за неколку секунди. Бидеќи побрзо се опоравуваат најдобро е да ги вежбате со постојано движење од една вежба на друга, па се' до тотална исцрпеност.

3. Започнете со долните стомачни

Стомачните мускули се состојат од  долни, горни и странични. Започнете со долните стомачни мускули прво, бидеќи при изведувањето на првата вежба веќе ги контрактирате сите останати. Значи, како што се концентрираме на долниот дел од стомакот, секундарно работат и горните и страничните мускули.

И за крај, за навистина да успеете да ги покажете стомачните мускули треба и да следите диета богата со протеини, за да се подобри развојот на мускулите и да вметнете кардио во вашиот тренинг.