Како до мирен стомак за време на празниците?

Како до мирен стомак за време на празниците?

Колку и да сакаме да внимаваме на линијата за време на празниците консумираме помасна храна и тоа во големи количини.

Сепак, по толку многу изедена храна, најчесто имаме проблем со желудникот и со варењето на храната. Главно се соочуваме со подуеност, повраќање, запек или крв во столицата. Иако најдобро е да го посетите вашиот лекар, сепак превенцијата никогаш не е на одмет.

По што да посегнете за да не се соочувате со стомачни тегоби?

Варениот ориз е најдобар лек за вознемирен желудник, затоа што не е богат со влакна. Може да ви помогне и препечен или варен компир, бидејќи ги впива вишокот течности од организмот.

Освен што помага при лош здив, чајот од нане го смирува желудникот и ја ублажува мачнината. Освен тоа ги смирува грчевите и помага при варењето на храната.

Не заборавајте и на јаболковиот оцет, кој ги смирува грчевите. Измешајте една лажица јаболков оцет со лажица мед во шолја вода. Ако не можете да извршите нужда, доволно е во една чаша да ставите две лажици оцет и да ја испиете.