Како гори Петроварадинската тврдина?

Како гори Петроварадинската тврдина?

Четвртата вечер на фестивалот Егзит е резервирана за електронската музичка сцена каде светскиот познат хитмејкер Дјук Думонт има закажан настап за 3 часот по полноќ, на популарната Dance Arena.

Дјук Думонт е DJ и продуцент на познатите хитови Ocean Drive и I Got U, а во 2014. година беше номиниран за Греми награда за хитот Need U.

Истата вечер на Егзит, на истата сцена ќе настапи и планетарно познатиот Робин Шулц од 1 часот и 30 минути по полноќ, додека пред него, публиката ќе ја забавува младиот продуцент Kungs.

Робин Шулц соработувал со многу познати ѕвезди, а неговите хитови Sugar и ремиксот на песната Waves се само дел од репертоарот на кој фановите ќе имаат можност да се забавуваат на Dance Arena.

Главната сцена на полноќ ќе ја “угости” американскиот пејач и автор на многу актуелни песни – Џејсон Деруло, чија кариера досега одбележа 11 платинести синглови, продадени во преку 50 милиони примероци и три милијарди прегледи на YouTube.