Како до здрава кожа на лицето и телото?

Како до здрава кожа на лицето и телото?

Дефинитивно кожата на човечкото тело е најголмиот орган кој го поседуваме, но за жал не толку обрнуваме внимание на него, се до моментот кога ќе дојде некоја несакана последица од нашето невнимание.

Но насекаде има толку многу различни, конфликтни информации околу тоа како да се ххраните за да ја имате здрава и убава кожа, како и некои чудесни “направете-сами” рецепти (ќе ја прескокнеме маската од мајонез за лице, фала ви многу).

За да ги разјасниме овие конфликтни информации зборувавме со нутриционистот и естетичар Брита Плуг, која е една од најдобрите во својата професија и работи во Бруклин. Таа ги разоткри митовите за убавина и повикува природните здравствени трендови да ги побараат во 2015-та година.

1. Јадете помалку воспалителни јадења

Најголемите виновници за лошиот изглед на вашата кожа се воспалителните прехранбени производи – како претерано конзумирање на млечни производи (без јогуртот и ајранот), глутен и шеќер. Доколку имате проблеми со кожата, намалете ги или сосема отстранете ги овие работи од вашата исхрана.

Или барем пробајте да ги елиминирате на две недели и проверете дали ќе има ефект. Исто така, кога ќе ги вратите овие продукти назад во вашата исхрана тие ќе имаат засилена реакција па ќе можете да се уверите како тие влијаат врз вас – гас, надуеност, главоболки… Ако ги јадете пречесто, вашето тело најверојатно веќе има воспоставено реакција на низок степен. Сите имаме различни нивоа на толеранција, но овие јадења се општи виновници.

2. Јадете само високо квалитетно темно чоколадо

Мислев дека советот за чоколадото беше мит, но откако започнав да работам со акупунктурист започнав и да ја применувам кинеската медицина во мојата работа и тука има нешто позади идејата дека чоколадото може да биде воспалително за организмот. Но исто така ги истражував и неговите бенефиции, поточно оние на темното чоколадо и тоа е одлично за цистични акни. Зависи од лицето на секоја индивидуа, ама високо квалитетното темно чоколадо е пријател на кожата.

3. Инвестирајте во добар пробиотик

Здравјето на стомакот и здравјето на кожата се навистина цврсто поврзани. Пробиотиците се многу. Високо квалитетни пробиотици во форма на капсули се одлични исто како и ферментираните како “кимчи”. Луѓето често ми велат “Па јас пијам многу јогурт” – но треба да одберете јогурт кој е целосно од млеко и нема шеќери за да ги добиете бенефициите и пред тоа би сакале да проверите дека сигурно не сте чувствителни на млечни производи. Затоа препорачувам кисела зелка и кимчи.

Ако започнете да земате високо квалитетен пробиотик ќе забележите драстична разлика – ќе одите во тоалет полесно и почесто.

4. Користете храна на лицето

Доколку јадењето јогурт не ви е омилено или сте чувствителни на млечни производи – започнете да го употребувате како маска. Има доволно киселини, ја затега и негува кожата, плус ја зацврстува и флората на кожата.

Јас сум голем љубител на користење на мед на кожата. Полн е со витамини па затоа е одличен и за акни и за анти-стареење. Особено го сакам по-сончање. За да си направите маска, измешајте околу половина кафена лажичка мед и супена лажичка топла вода – вака разреден нанесете го на кожата и оставете го колку можете подолго, колку ви дозволува времето.

5. Експериментирајте со јаглен и сандалово дрво

Јагленот отсекогаш бил одличен за кожата, особено доколку ви е потребна детоксикација. На пример, доколку сте нетолерантни на глутен, а сепак внесете глутен во себе, земете капсула јаглен и решен проблем – ќе ги ребалансира вашите црева.

Сандаловото дрвце е исто така нешто за кое се почето ќе започнеме да слушаме и да го користиме – особено како масло за нега на кожата. Сите етерични масла се лековити, а она од сандаловото дрво е особено корисно за добивање на циркулација и за заздравување на кожата. Во кинеската медицина него го нарекуваат “двигател на крвта” па може да биде одлично за кожа склона кон акни. Препорачувам да го употребувате само еднаш дневно – навечер пред легнување – за да ја отстраните шминката и останатите натрупани работи преку дента. И задржете ја рутината за да постигнете резултати – прилично е едноставно.