Како до убаво и чисто лице со само 3 природни состојки?

Како до убаво и чисто лице со само 3 природни состојки?

На нашата кожа секојдневно се собираат нечистотии на кои им треба длабинско чистење кое не е многу лесно. 

ЛУК

Верувале или не, лукот може да ви биде од голема помош. Тој има антибактериски својства и е идеален за борбата со акни и други инфекции на лицето. Излупете едно чешне лук, пресечете го на половина и потоа нежно масирајте на воспалените делови. Оставете да диелува половина час, а потоа измиете го лицето со млака вода.

МАСЛО ОД ЧАЈНО ДРВО

Тоа е природен антисептик кој се бори против акни и црнки. Ставете неколку капки на памук или чепкалка па нанесете на воспаленото место. Доколку почувтсвувате пецкање на лицето, следниот пат маслото растворете го со малку вода.

ЛИМОН

Лимонот е одличен за кожата. Тој исто така помага во отстранување на акните. Се што треба да направите е да го исечете лимонот во форма на круг. Потоа нежно втријте на лицето и оставете да делува околу 10 минути. После тоа измиете го лицето со ладна вода.