Како да пронајдете мотивација за тренинг и да ја одржите?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 12.03.2017 - 20:00

Да се разбереме - мотивацијата, кога конечно ќе ја пронајдете, ако не е правилно втемелена брзо ќе ја изгубите. А сепак да ја обвинувате мотивацијата дека трае кратко е неправедно. Кратко трае и ефектот на туширање па сепак тоа го повторуваме секој ден!

Мотивација е нешто што го повторуваш секој ден, додека не престанеш да размислуваш за тоа и станува навика, а со таа навика се создава комплетно нов животен стил.


                   
Дури ни јас не сум секој ден мотивиран да одам на тренинг, но сум се навикнал да вежбам.

И не ми е секој ден пријатна идејата дека треба да го напуштам топлиот стан и фотељата и кафето во 7 часот изутрина, и на минус нешто со неколку слоја облека на мене да одам да кревам и спуштам тегови, но затоа после тоа се чуствувам пријатно и задоволно преку целиот ден зошто сум го направил тоа.

Мотивацијата е широка слика составена од илјадници детали кои ја сочинуваат. Еве еден од нив кој може да ја одржи мотивацијата долго време: Замислете се себеси во иднина!

Сакате ли и утре да бидете тромави како денес, или сакате да бидете фит и во одлична кондиција? Дали ти се допаѓа што утре нема да можеш да се качиш на 5-ти спрат без лифт или сакаш да ги претрчаш скалите без да изгубиш здив?

Многу луѓе пронаоѓаат мотивација во себе кога ќе ја визуелизираат сликата од себе во иднината. Ако таа слика се стави во реална временска рамка многу тешко е да се загуби мотивацијата за да се постигне целта. Без разлика колку време ќе е потребно, тогаш патувањето станува интересно!