Како да ја одржувате вашата фарбана коса?

Како да ја одржувате вашата фарбана коса?

Фарбаната коса бара дополнителна нега за разлика од нефарбаната бидејќи хемикалиите кои ги содржат боите за коса можат да ја оштетат структурата на самото влакно и да направат косата да изгледа суво и безживотно.

Во продолжение, погледнете кои се најчестите грешки кои ги правите по фарбањето, а кои ѝ штетат на косата.

Миење на косата еден ден по фарбањето

Ова е една од најчестите грешки кои ги прават девојките со фарбана коса. По фарбањето на косата треба да се почека барем 72 часа пред повторното миење. Имено, потребни се 3 дена за кутикулите потполно да се затворат, а со тоа ќе се продолжи трајноста на бојата.

Често миење на косата

Експертите тврдат дека најголемиот непријател на фарбаната коса е водата. Треба да избегнувате секојдневно да ја миете, а доколку косата брзо ви се масти, користите шампони за суво миење. Освен тоа, одбегнувајте да ја потопувате косата под вода, бидејќи на тој начин предизвикувате побрзо паѓање на бојата.

Миење со премногу жешка вода

Кога ја миете косата користете млака или уште подобро, ако можете, студена вода. Топлата вода ги откинува горните слоеви на влакната, а тоа е една од главните причини зошто бојата ви бледнее. Колку е потопла водата, толку побрзо бледнее бојата.

Погрешен регенератор за коса

Доколку сакате да ја зачувате вашата боја, користете регенератор за фарбана коса кој има специфична формула. Тој создава заштитен слој и го спречува опаѓањето на бојата.

Прегрубо триење со крпа

Бојата може да избледува, а врвовите ќе изгледаат суви доколку пресилно ја триете со крпа. Наместо тоа, нежно притиснете ја косата со цел да ја впие водата и потоа оставете ја на воздух сама да се исуши.

Претерана употреба на пегла за коса, фигаро или фен

Фарбаната коса е чувствителна на топлина, па доколку сакате да ја одржите здрава и сјајна најдобро е да ја намалите употребата на различни помагала за стилизирање. Исто така, кога ги користите, не заборавајте да нанесете и средство за заштита на косата од топлина.

Нерамномерно повторно фарбање

Кога е време за повторно фарбање на делот кој израснал кај корените, често се случува да ја офарбате вашата коса набрзина и нерамномерно.

Доколку сакате да ја офарбате рамномерно, потребно е прво да ја нанесете бојата на коренот од косата, па откако ќе отстои, навалете се над кадата и додајте малку топла вода со кружни движења, исто како да ја миете со шампон. Со вашите раце распределете ја по целата должина до врвовите. Целата постапка би требало да трае околу 2 минути.