Како Бонд станал 007?

Како Бонд станал 007?

62 годишниот писател Ентони Хоровиц го пишува романот „Засекогаш и еден ден“,официјално предпродолжување на „Казино Ројал“, кој открива како супершпионот Џемс Бонд станал агентот 007.

Романот се базира на необјавените ракописи на творецот на Бонд, Иан Флеминг и ќе биде објавен на 31. мај. Приказната почнува со откривање на леш на претходниот 007, кој плута во морето кај Марсеј:„М се загледа во телото.’Немам избор, ќе го замениме со момчето кое го подготвивме, но не му го кажавме неговото име’. Тоа е Бонд, господине, Џемс Бонд“ му одговара началникот на штабот.