Кајли објави фотографија, а фановите ја нападнаа поради лошиот фотошоп

Кајли објави фотографија, а фановите ја нападнаа поради лошиот фотошоп

Пејачката Кајли Миног се пофали со најновата фотографија, но нејзините фанови одма приметија детаљл за кој ја обвинија дека користела фотошоп.

#Lovers, you can pre-order your 2018 #KylieCalendar now! ❤️📆 (link in bio)

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue) on

Поп-ѕвездата Кајли Миног гордо објави фотографија од календарот што го сними за 2018 година, а не очекуваше дека ќе предизвика револт кај нејзините обожаватели.

На прв поглед, забележуваме убава, свежа и насмеана Кајли, како и нејзината позадина во секси шорцеви со длабок струк. А просторот зад неа?

Обожавателите забележаа чудна искривена линија на белиот ѕид зад неа, како и столче, исто така, има неправилна форма.

„Кајли, насловната страница е полна со фотошоп, ве молам поправете го тоа”, „Здраво Кајли, изгледаш одлично и секси. Но што не е во ред со столчето и ѕидот зад тебе?” – беа некои од коментарите на изненадените фанови.