Кајли Џенер повторно обвинета за плагијат!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.02.2017 - 02:56

Откако целосно и ја украде кампањата на шминкерката Влада Хагерти, па потоа ѝ се извини, Кајли Џенер повторно е обвинета дека позајмила "инспирација" од еден бренд, а овојпат за нејзината модна линија!

Социјалните медиуми и лутите фанови "ја распнаа" Кајли, бидејќи нејзините парчиња се плагијат на оние на брендот со име "Cake Asia":

Дури и фотографиите личат една на друга, а Кајли како модел го земала раперот Офсет, иако токму тој претходно ги промовирал парчињата на Cake Asia":

Изгледа дека Кајли во иднина ќе треба да внимава кого ќе копира, бидејќи знаете, интернет. :)