Кајли Џенер и Клои Кардашијан ќе се породат на ист ден?!

Кајли Џенер и Клои Кардашијан ќе се породат на ист ден?!

Познатите сестри уште не ја потврдија бременоста, но странските медиуми веќе дознаа кога и како Клои Кардашијан и Кајли Џенер ќе се породат.

А ако желбата на Крис Џенер се исполни, тогаш двете наследнички ќе дојдат на ист ден.

Бидејќи Клои и Кајли треба да се породат за три месеци, Крис веќе размислува како да профитираат од овие породувања. Па затоа смета дека породувањата би требало да се закажат на ист ден. Но и тоа да се случи, девојките нема да бидат во иста соба, бидејќи и двете имаат поинаква желба кога е породувањето во прашање.

Кајли се плаши кога ќе помисли на таа болка, па сака да се породи со царски рез. Додека Клои сака тоа да го направи по природен пат – изјави изворот.

А додека дојде до тоа, медиумите и понатака зборуваат кога и како сестрите ќе ја потврдат бременоста.