Каја Гербер го освојува модниот свет и станува модна дизајнерка!

Каја Гербер го освојува модниот свет и станува модна дизајнерка!

16 годишната Каја Гербер, ќерка на Синди Крафорд, доби можност да соработува со светски познатиот дизајнер Карл Лагерфелд на новата колеција.

Се појави на модните ревии на најпрестижните модни куќи низ светот, се фотографираше за магазинот “Вог”, “Поп”, “Лав”, “Гламур” и работеше на кампања за Келвин Клајн. Откако беше објавено февруарското издание на магазинот “Вог” во медиумите излезе информација дека Каја ќе се обиде и во улогата на модна дизајнерка.

Преубавата тинејџерка ќе лансира своја линија облека за Карл Лагерфелд, а станува збор за облека која ќе биде наменета за секојдневно излегување.

“Кога Карл ни кажа за идејата да соработува со Каја, бевме многу возбудени поради здружувањето на невројатен потенцијал и моќ. Замислеге кога тие два светови ќе се спојат заедно, прекрасно”, вели главниот извршен директор.

Тој откри дека Каја работи неколку месеци на колекцијата, во која покрај секојдневните парчиња облека ќе има и голем број на аксесоари како чанти, очила за сонце, обувки и накит.