Јувентус и Тотенхем одиграа нерешено

Јувентус и Тотенхем одиграа нерешено

Јувентус и Тотенхем одиграа нерешено, 2:2 во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Јувентус поведе со 2:0 уште во првите 10 минути од натпреварот преку двата гола на Игуаин.

На 2:1 намали Хари Кејн во 35. минута, а Игуаин промаши пенал за зголемување на предноста на истекот на првиот дел.

Во второто полувреме Тотенхем изедначи преку голот на Ериксен во 71. минута.