Јувентус и Монако: Можни Состави

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.05.2017 - 13:36

„Старата дама“ вечерва го пречекува Монако во полуфиналето од ЛШ и после победата од 2:0 во првиот меч изгледа дека се е решено.


Големиот Јувентус е со едната нога во финалето, а историјата и традицијата се на нејзина страна – „бјанконерите“ никогаш не се елиминрани од француски тим, и никогаш после победа на гости, но за се постои прв пат. Повторно ќе гледаме судир на два потполни различни стила и филозофии – одличниот напад на Монако, против непробојната одбрана на Италијанците. Тренерот Масимилиано Алегри предупреди дека сеуште ништо не е готово и дека постои ризик неговите момци да се опуштат пред реваншот. Тој денес ќе излезе со истиот тим како и во Монте Карло, а единствената промена ќе биде во средниот ред – на местото на Маркизио се враќа Сами Кедира. Единствената дилема за италијанскиот стратег ќе биде дали да го започне тимот со Барзаљи (3-4-3) или со Квадрадо (4-2-3-1).

Од друга страна гостите немаат што да загубат и ќе играат на „се или ништо“.

Жардим на располагање го има целиот тим и ќе истрча со истите 11-мина од првиот меч. Веројатни состави: Јувентус: Буфон – Барзаљи, Бонучи, Киелини – Дани Алвеш, Кедира, Пјаниќ, Алекс Сандро – Манџукиќ, Дибала, Игуаин.

Монако: Субашиќ – Сидибе, Жемерсон, Глик, Менди – Бернардо Силва, Бкајоко, Фабињо, Лемар – Фалкао, Мбапе