Јута Џез забележа победа над Сан Антонио Спарс

Јута Џез забележа победа над Сан Антонио Спарс

Јута Џез ја забележа 10.победа по ред , а овој пат на дневен ред дојде екипата на Сан Антонио Спарс, која беше минимално поразена со резултат од 101:99.

Најефикасен во редовите на Јута Џез беше Донован Мичел кој постигна 25 поени, 7 скокови и 5 асистенции, а го постигна и решавачкиот кош од скок-шут на четириесет секунди до крајот на натпреварот.

Со одлична игра го следеа и соиграчите Инглс кој успеа да уфрли 20 поени и Дерик Фејворс со 19 поени и 7 скокови. Интересно, е што целиот натпревар Сан Антонио беше во водство и на девет минути пред крајот на натпреварот, Спарси водеа со 13 поени разлика со резултат од 83:70.