Јовиќ потпиша две години во Баерн!

Јовиќ потпиша две години во Баерн!

Стефан Јовиќ, досегашен плејмејкер на Црвена звезда, , потпишал двегодишен договор со минхенски Баерн, објави германскиот портал „Баскетбол“.

Јовиќ имаше понуда и од грчки Олимпијакос, но, сепак, реши да му се приклучи на Баерн, на чија клупа седи селекторот на Србија, Саша Ѓорѓевиќ.

Минатата сезона во Евролигата Јовиќ имаше просек од 7,5 поени, 5,6 асистенции, 2 скока и 1,3 украдени топки по натпревар. Во изминатите три сезони во Евролигата има просек од речиси пет асистенции по натпревар, а исто така е сопственик на евролигашкиот рекорд од 19 асистенции на еден натпревар.

Јовиќ е второто засилување за Баерн во преодниот рок по Американецот Брејдон Хобс.

Српскиот репрезентативец е четвртиот играч кој го напушта шампионскиот тим на Црвена звезда по Лука Митровиќ (Бамберг), Марко Симоновиќ (Зенит) и Чарлс Џенкинс (Химки).