Јотовски со победа ја отвори 2018 година

Јотовски со победа ја отвори 2018 година

Томислав Јотовски е првиот македонски рекет кој имаше победнички старт на новата 2018 година и тоа на ИТФ фјучерсот во Хамамет (Тунис) што се игра на земјени терени за награден фонд од 15.000 американски долари.

Јотовски во првата рунда во сингл по 1 час и 40 минути игра на теренот број три беше подобар од домашниот тенисер Азис Уака со 2-0 во сетови. Двата сета завршија со идентичен резултат 6-4 што му овозможи второ коло со подобриот од битката меѓу Милош Николиќ и Мохамед Али Белалуна.

Томи на овој турнир е пријавен и во двојки, партнер му е Милош Николиќ. Прв предизвик на македонско-српската комбинација ќе им бидат Шпанците Луке и Варона.