Јирген Клоп потврди дека Алберто Морено ќе мора да паузира поради повреда

Јирген Клоп потврди дека Алберто Морено ќе мора да паузира поради повреда

Јирген Клоп потврди денес дека Алберто Морено ќе мора да паузира поради повреда добиена на мечот од Лигата на шампионите против Спартак Москва.

Шпанецот беше приморан на споменатиот меч, да го напушти теренот пред крајот на првото полувреме, а иако германскиот стратег потврди дека ќе паузира, не откри колкав период ќе биде надвор од стројот.

Според најавите, паузата ќе биде десетина дена или пак во најлошо сценарио неколку седмици, а многу веројатно ќе го пропушти фестивалскиот, период, исполнет со густ распоред.

Не сум сигурен, ќе мора да замине на нови прегледи кога ќе се повлече отокот. Во овој момент се е отворено. Повредата е од чудна природа, специјалистите исто така не знаат, па така можеби ќе паузира десетина дена, но и повеќе седмици – изјави Клоп пред градското дерби со Евертон.