Јирген Клоп: Кутињо е непроценлив за Ливерпул

Јирген Клоп: Кутињо е непроценлив за Ливерпул

Ливерпул во новата сезона влегува со големи очекувања по добрите резултати во претсезоната, останува уште прашањето околу Фелипе Кутињо.

За генијалниот бразилец Барселона веќе изјави дека го сака по заминувањето на Нејмар, меѓутоа од Ливерпул имаат јасен став на оваа тема и тоа се гледа по одбивањето на новата понуда вредна 100 милиони евра.

Пречка за овој трансфер е тренерот на Ливерпул кој во неколку наврати го кажа својот став, последно во интервјуто за „Скај Германија“.

“Ливерпул не е клуб кој сака да ги продава играчите. Тоа е поставено и не е важно колку пари ќе платат. Од финансиска гледна точка, нема цена по која ќе го пуштиме, нема цена по која ќе го дадеме. Нашата цел е да го имаме најдобриот можен тим, па сакаме да ги задржиме нашите момци и некого додадеме. Тоа е нашиот план. Денеска ниту еден играч на планетава не е недопирлив, ама трансферот е исто прашање на време и ако имате можност и потреба да реагирате на таков трансфер. Исто така треба да прашате ако имате време. Ама ако тоа е барање на еден клуб, не треба да размислуваме за тоа. Не сме во таа ситуација” рекол тренерот на Ливерпул