Јапонците се откажуваат од љубовта!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.12.2016 - 13:33

Јапонскиот секс-проблем стана толку голем, што јапонците се откажуваат од љубовта и се венчаваат со пријателите!

Истражувањето што го спроведе јапонската влада покажува дека неверојатни 69 проценти од јапонските мажи и 59 проценти од јапонските жени немаат пронајдено романтичен партнер, а државата има толку ниска стапка на раѓање, што во последниве 5 години се раѓаат само по 8 бебиња на 1.000 жители!

Јапонската популација која моментално брои 127 милиони луѓе, до 2060 година предвидено е да се намали на бројка од 87 милиони. Од друга страна, 80 проценти од немажените и неженетите жители на Јапонија сакаат да стапат во брак.

Поради ова, тие се откажуваат од потрагата по љубов и романтичен партнер, и наместо тоа одлучуваат да се земат со својот долгогодишен најдобар пријател/ка. Овој тренд се нарекува "Коузаи зеро Ничикон", што во буквален превод значи "мажење без романса".

Со оглед на тоа колку навистина е тешко и долго да се најде вистинска љубов, а пријателите најдобро се познаваат меѓу себе, оваа идеја и не звучи така лошо. :)