Jaguar го претстави својот адут на пазарот на електрични возила

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.11.2016 - 16:52

На Саемот за автомобили во Лос Анџелес Jaguar го претстави својот концепт I-Pace, со кој планира наскоро да влезе на пазарот на електрични автомобили.

Концептниот I-Pace би требало да ја добие својата продукциска верзија во 2018 година, а во Jaguar го опишуваат како спортски автомобил со понуда на простор и практичност која ја нудат сите SUV автомобили.

Автомобилот во своето концептно издание нуди 400 КС, погон преку целата осовина и внатрешни мерки кои Porsche ги нуди во моделот Cayenne. Во Jaguar мислат дека сѐ споменато ќе биде повеќе од доволно за да ги заинтересира купувачите кои размислуваат за електричните автомобили кои им ги нуди Tesla.

"I-Pace е концептен автомобил, но е многу блиску до она што ќе го понудиме во продукциската верзија. На купувачите ќе им биде понуден автомобил кој досега никој друг не го понудил на пазарот", изјави Јан Калум, кој е директор на дизајнерскиот оддел.

Суспензијата е "позајмена" од моделот F-Pace, а од Jaguar нагласуваат дека и продукцискиот модел ќе биде поставен на 23-инчни тркала на кои гумите, сепак ќе бидат нешто потесни.

"Еднаш реков дека сите SUV автомобили изгледаат како да стојат и кога се движат. Сега повеќе не мислам така", додаде Калум, кој во својата успешна дизајнерска кариера е "виновник" за неколку извонредни модели.