Jaguar F-Pace е автомобил на годината според жените!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 22.11.2016 - 17:56

Првиот SUV автомобил на Jaguar е победник на изборот за Женски автомобил на годината за 2016 година, а F-Pace исто така ја освои и наградата во категорија за Женски SUV/Crossover за оваа година.

Jaguar F-Pace без сомнеж е одличен автомобил кој освои одлични критики кај публиката, а меѓу последните признанија кое пристигна кај британскиот производител е и она од жените ширум светот.

Изборот за Женски автомобил на годината го прави жири составено само од жени кои се занимаваат со автомобилско новинарство, а овој одличен модел изгледа дека ги освои нивните срца.

Во изборот за овогодинешниот Женски автомобил на годината одлучуваше жири составено од 17 членки од 14 земји од сите континенти. Во првата фаза од изборот беа 294 автомобили, а листата подоцна беше сведена на 32 модели во различни категории.

Минатогодишниот избор на жените во светот беше автомобилот Volvo XC90, а во категоријата на семејни автомобили титулата ја однесе Renault Espace.

"Воодушевени сме со последното признание кое го добивме од жените за F-Pace, а кое ни покажува дека нашиот SUV е на добар пат да ја продолжи својата успешна приказна", изјави Фиона Паргетер, шеф на одделот за комуникации во Jaguar Land Rover.