Изгладнување за подолг живот[20.02.2012 - 23:34 часот]
|
Изгледа дека онаа поговорка "Јадеме за да живееме" наскоро ќе добие некоја модификација затоа што според научниците, изгладнувајќи се себе си секој втор ден, би можеле да живееме подолго.
Група на американски научници тврдат дека овој вид на режим на исхрана може да помогне за поттикнување на работата на мозокот, како и одржување на добрата физичка форма.

Американскиот национален институт за стареење соопшти дека нивното истражување се темели врз експерименти над животните. Оние животни кои биле хранети со ниско калорична храна живееле подолго од оние на кои им се давала храна богата со калории.
Овој начин на исхрана е тестиран и над луѓето и резултатите покажуваат дека практикувајќи го истиот се заштитува срцето, крвниот систем и мозокот, а превентивно делува и кога станува збор за болести кои доаѓаат со годините, како што е Алцхајмеровата болест.

Научниците објаснуваат дека на една група на глувци им била давана храна секој ден, додека другата група јадела секој втор ден. Исто така, онаа група која консумирала храна секој втор ден, во денот кога јаделе можеле да консумираат се во неограничени количини.
Истражувачите го анализирале мозокот на глувците и во двете групи, а резултатите покажуваат дека имало подобрување во неговата работа кај глувците кои јаделе секој втор ден.

Научниците и претходно тврдеа дека со внесување на помало количество на калории и храна во организмот можете себе си да се заштитите од заболување од рак, пренесуваат американските медиуми.
| [назад] |















