Италијански апартман со несекојдневен дизајн

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 01.02.2017 - 19:06

Архитектите од студиото "AIM Studio" биле соочени со креативниот предизвик за уредување на апартман во поранешна канцелариска зграда во Милано, Италија.

Резултатот на нивниот труд е целосно размислување "надвор од кутијата" и дизајн кој не би можеле да го видите на многу места.

И покрај невообичаениот дизајн, сепак главните елементи како кујна, трпезарија, дневна соба и спалната соба се поврзани во беспрекорна функционалност.

"Сопственикот ни рече да размислуваме за елегантен, освежувачки, флексибилен простор кој ќе комуницира со многуте растенија, што се негова голема пасија", велат архитектите.

Па така, модерниот стан изобилува со зеленило од сите страни, "урамена" дневна соба, бели клинички елементи и шарени детали.