Италија вечерва на Сан Сиро го игра мечот на нивните животи

Италија вечерва на Сан Сиро го игра мечот на нивните животи

Италија вечерва на Сан Сиро го игра мечот на нивните животи, или меч за преживување на агонијата и очајот кој им се заканува по пат на медиумите.

Во првиот меч против Шведска, Италијаните минимално загубија, а вечерва со целиот свој фокус и расположливи средства, ќе се обидат да го свртат резултат и уште еднаш да ја израдуваат нацијата, која последно во 2006-та се радуваше на светска титула.

Некогашниот репрезентативец на Италија, Марио Балотели, верува дека Италија ќе се пласира понатаму, и дека со победа над Шведска ќе го оствари тоа.