Историска зграда во Берлин претворена во модерен дом

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.02.2017 - 16:17

Една од најстарите историски згради во Берлин, беше претворена во оригинален дом за семејство со три деца од страна на архитектите од "asdfg Architekten".

Предизвикот бил огромен, бидејќи властите побарале главната фасада да биде реконструирана во истиот изглед како цртежите од 1844 година.

"Историјата и посебните услови на зградата беа огромен предизвик, но исто така во тоа видовме огромен потенцијал да ја претвориме во фамилијарен дом со градина во едно од најпопуларните маала во Берлина", велат архитектите.

Многу елементи од старата воденица биле задржани, како што се ѕидовите од цигли кои додаваат боемско чувство на внатрешноста.

"Како резултат на тоа што претходно била користена како полициска станица и работилница, зградата беше во многу лоша состојба со многу мали соби. Со цел да создадеме еден голем простор, ние ги задржавме само надворешните ѕидови и еден огормен ѕид во средината. Скалилата, кујната и некои од галериите за спиење се некако прикачени на овој ѕид", велат тие.

Минималистичкиот пристап довел до простран и функционален простор кој воодушевува со својот спој на историско наследство и модерен дизајн.