Испрати љубов од љубовната пошта во Skopje City Mall

Испрати љубов од љубовната пошта во Skopje City Mall

Од вчера во Скопје Сити мол се отвори Љубовна пошта! 

Празникот на љубовта Св. Валентин е на 14ти Февруари и затоа Скопје Сити Мол ви подготви еден прекрасен настан под називот “ИСПРАТИ ЉУБОВ”, како и стилизирана љубовна пошта каде  посетителите бесплатно ќе можат да испраќаат љубовни пораки на картички или писма.

Во склоп на ЉУБОВНА ПОШТА изложени се 6те најпопуларни љубовни писма: од Napoleon Bonaparte до Joséphine de Beauharnais, од Frida Kahlo до Diego Rivera, од Henry VIII до Anne Boleyn, од Beethoven до непознат “Immortal Beloved”, од Richard Burton до Elizabeth Taylor и од Ronald Reagan до Nancy Reagan со поопширни информации, на изложбата можат да се видат уште 20 популарни љубовни писма и 60 популарни љубовни пораки на картички.