Испегланата "Госпоѓа Бонд"[03.02.2012 - 11:25 часот]
|
Рекламата со глумицата Рејчел Вајс беше забранета поради претераната употреба на Фотошоп. "Госпоѓата Бонд" го рекламира кремот за лице "L'Oreal revitalift repair 10" кој наводно ги "пегла" борите, но очигледно некој член од тимот на "L'Oreal" премногу се опуштил и ја "испеглал" Рејчел Вајс во Фотошоп до тој степен што глумицата изгледа како тинејџерка без ниедна бора.
"Фотографијата е доработена во Фотошоп без никаква мерка и не го прикажува лицето на глумицата кое сите го знаеме", се наведува во соопштението на британската Канцеларија за стандарди на рекламирањето (ASA) која ја забрани рекламата.

Имено, Вајс (41 година) која доби Оскар за улогата во филмот "Грижливиот градинар", после кратката врска мината година, се зема со Даниел Крег кој моментално го снима новото продолжение на серијалот за Џејмс Бонд.
| [назад] |















