Ирски шарм на француската ривиера! (фото)

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 13.07.2016 - 16:19

Како што веќе пишувавме, во тек е снимањето на еротската трилогија "50 нијанси на сиво". Најновото продолжение ќе пристигне во киносалите за Денот на вљубените (14-ти февруари) во 2017 година, а снимањето е во полн ек.

Па така, главните актери - Дакота Џонсон и Џејми Дорнан, моментално се наоѓаат во Франција, поточно во Ница.

По фотографиите од сетот, Дакота повторно ќе ја видиме во топлес издание, додека Џејми нежно и го мачка грбот со крем за сончање и ја масира, ја вози со скутер и многу други работи.

На актерскиот пар на сетот им се приклучи и сопругата на Џејми, Амелија, која одлично се забавуваше, отфрлајќи ги со тоа гласините дека е љубоморна на секси сцените на својот сопруг.

Дури и се зборуваше дека поради неа нема да го гледаме Џејми во продолженијата на филмот, но за среќа сѐ е во ред, па можеме да уживаме во неговото разголено секси тело.