Ирина Шајк знае како да го освои црвениот тепих!

Ирина Шајк знае како да го освои црвениот тепих!

Црвениот тепих во Лондон на “Royal Albert Hall” го окупираa бројните славни убавици кога вчеравечер беше одржано традиционалното доделување на наградите “Fashion”.

Ешли Грахам, Каја Гербер, Рита Ора, Карли Клос, Хејли Болдвин, Пинк, Селена Гомез и многу други биле дел од настанот, а убедливо најмногу внимание привлекла руската убавица Ирина Шајк.

Во сребрено-бел фустан со длабок изрез и деколте, Ирина го одземала здивот на сите присутни, а изгледот го надополнила со прекрасни сребрени сандали, високо коњско репче и нежна шминка.

Со ваквиот изглед, никој не би претпоставил дека заносната Русинка се породи пред само неколку месеци. Таа речиси никогаш не се појавува со својот вереник Бредли Купер, кој очигледно вчеравечер останал дома со ќеркичката.

Но, доказ дека нивната љубов цвета се бројните папараци фотографии како и големиот дијамантски прстен на нејзината рака кој ни вчера не остана незабележан.