Ирина Шајк го покажа своето тело по породувањето

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.04.2017 - 17:46

Ирина Шајк пред неколку недели стана мајка на девојче, а денес го покажа своето неверојатно тело.


31 годишната манекенка на инстаграм сподели фотографија како лежи на душек во базен облечена во црн костим за капење, а под фотографијата напиша: 'Пред зајдисонцето. Моментална ситуација.'.

И нејзиниот вереник Бредли Купер се врати на работа и наскоро ќе го видиме покрај Лејди Гага во римскиот мјузикал A Star is Born, на кој ќе биде и режисер.