Интересна убавица со несекојдневен изглед!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 21.02.2017 - 18:44

Елиза Пананен е фотомодел од Финска, чие секси тело го красат безброј тетоважи, па нејзиниот изглед ги руши сите стереотипи за што е она што се смета за "женствено".

Таа пораснала во либерално семејство во Финска, а од своите родители ја наследила големата љубов кон тетоважите.

Елиза се школувала да стане фризерка, затоа што отсекогаш ја привлекувала таа уметност, но сега работи како модел и фотограф.

За разлика од другите девојки кои станаа популарни на Инстаграм благодарение на нивната опсесија со вежбањето, Елиза вели дека не сака да ги поминува часовите во теретана и дека единствената физичка активност и е пешачењето.

Покрај тоа, вели дека не планира да се одрече од храната и работите кои ги сака, а најмногу ужива во тајландската и непалската кујна.