Инстаграм воведува нова опција за "галерии"!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 23.02.2017 - 16:38

Инстаграм во последно време воведе многу нови опции, како "Stories", преносите во живо и можноста да се искористат многуте нивни алати, но сега воведува опција којашто ќе го промени начинот на кој ја користите апликацијата.

Станува збор за таканаречените "галерии", каде ќе можете да објавите повеќе фотографии и видеа во една објава.

Опцијата е ограничена на 10 фотографии или видеа, а сѐ што треба да направите е да започнете со нормално закачување на фотографија или видеа, а потоа да ги селектирате и другите фотографии или видеа кои сакате да бидат вклучени во истата објава.

Фотографиите мора да бидат квадратни и имаат еден опис за сите сега за сега, а веста беше објавена синоќа на блогот на Инстаграм.