Инстаграм со новата опција станува како Пинтерест!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.12.2016 - 11:21

Ви се случило ли на Инстаграм да направите скрин-шот од нешто што ви се допаѓа за да не го заборавите? Имаме добри вести за вас!

Инстаграм ја воведе новата опција со која веќе нема да морате бескрајно да скролате низ постовите кои сте ги лајкнале барајќи ги работите кои ви го задржале вниманието!

Со новата генијална опција Инстаграм направи драстична промена во начинот на користење која е слична на апликацијата Пинтерест. Ќе забележите букмарк-копче кое изгледа како мало знаменце кое се појавува под секој индивидуален пост, а се наоѓа десно од копчињата за лајк и коментар.

Кога ќе го стиснете копчето, ќе се појави нов, приватен таб на вашиот профил, како на сликата подолу:

Конечно ќе можете да ги зачувувате вашите омилени Инстаграм постови без да изгледате како манијак. :)