Има ли нешто одоздола?![19.02.2012 - 23:16 часот]
|
Не ретко познатите личности практикуваат појавување во јавноста "без долна облека", а најновиот пример е чешката манекенка Ивана Мразова која предизвика бурни реакции со својот избор на гардероба за појавувањето на музичкиот фестивал "Санремо", кој викендов се одржа во Италија.
Имено, на оваа церемонија таа се појави во проѕирна свечена тоалета.

Атрактивната 19 годишна манекенка Ивана Мразова, која на овогодинешниот фестивал претставуваше водителско засилување и освежување на сцената, не остана незабележана.
Со своето појавување таа никого не остави рамнодушен, појавувајќи се во фустан кој повеќе откриваше отколку што покриваше.
Бидејќи на почетокот на фестивалот, другата водителка, Белен Родригез, покажа дека под фустанот кој го носи нема долна облека, многумина си го поставија прашањето дали Ивана се обидува да ја надмине Родригез со изборот на провокативна свечена тоалета.

Сепак, повеќето гледачи уживаа во глетката во текот на фестивалот, а до крајот на самиот пренос, многумина се прашуваа дали прекрасната манекенка има нешто под проѕирната тоалета.
Интересно е тоа што поради проблеми со вратните пршлени и силните болки во грбот, појавувањето на Ивана на фестивалот беше под знак прашалник затоа што таа беше хоспитализирана еден ден претходно.
Меѓутоа, на крајот таа сепак успеа да им се придружи на останатите водители во финалната вечер на најпознатиот италијански фестивал за поп музика.


| [назад] |















