Идрис Елба ја запроси неговата 16 годишна помлада девојка!

Идрис Елба ја запроси неговата 16 годишна помлада девојка!

Холивудскиот заводник,45 годишниот британец Идрис Елба неодамна ја запроси својата 16 годишна помлада девојка Сабрина Доур, поранешна Мис на Ванкувер која успеа да го освои срцето на глумецот во Март 2017 година, а Идрис ја запроси својата атрактивна девојка два дена пред да се случи промоцијата на својот нов филм “Yardie”.

Глумецот е познат како голем заводник, а зад себе има два неуспешни бракови, ќерката Исан и синот Винстон. Во 1999 година ја ожени Хана Ким Норгард, но се разделиле во 2001 година додека била бремена со нивната ќерка. Разводот беше финализиран во 2003 година.

Со втората жена, агентката за недвижности, Соња Никол Хамлин, направиле тајна венчавка во 2006 година, а бракот им издржа само шест седмици. Тие се разделиле по иницијатива на Идрис, бидејќи сакал да му се посвети на својата кариера.

“Ми го скрши срцето, ме остави бидејќи така го советуваа во Холивуд. Сметаа дека бракот ќе му ја уништи кариерата”, откри Соња во едно интервју.

Во 2014 година со девојката Најин Гарт, Елба доби син, но во 2016 се разделиле. Па, светот е во исчекување колку долго ќе трае нивниот брак.