И официјално, Ибрахимовиќ останува на „Олд Трафорд“

И официјално, Ибрахимовиќ останува на „Олд Трафорд“

Бројката која минатата сезона беше резервирана за Златан Ибрахимовиќ, сега ќе биде за Ромелу Лукаку кој е  новото засилување на „црвените ѓаволи“,а  самиот Лукаку признава дека побарал дозвола од Ибра, за да го добие тој број.

„Го прашав дали може да ја земам деветката, бидејќи сум напаѓач. Од почитување кон Златан Ибрахимовиќ решив да го прашам дали ќе ми дозволи да го добијам тој број и сакам да му се заблагодарам за тоа што го направи“, рече Лукаку, кој пред неколку дена за сума од 85 милиони евра дојде од редовите на Евертон.

Фактот дека Лукаку мора да го праша Ибрахимовиќ дали може да ја добие „деветката“ покажува дека Швеѓанецот уште е главен на „Олд Трафорд“. Ибра одработи една година од договорот, а постои опција да остане уште една сезона.

Иако е повреден и се споменуваше дека ветеранот ќе си оди од тимот, сепак сега се поверојатно е дека ќе ја одработи и втората сезона во најтрофејниот англиски клуб. Ибра летово имаше понуди од Кина и САД, но ги одби сите, што потврдува дека ќе игра за Јунајтед.

Дури и лекарските прогнози се позитивни. иако се очекуваше дека нема да може да се врати пред јануари, сега прогнозите се дека Ибрахимовиќ би можело да биде фит до октомври.