И, најдобра песна на сите времиња е...

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.02.2014 - 23:31

Иако секојдневно се објавуваат песни кои што веднаш стануваат светски хитови, истите не долго се задржуваат во групата на најдобри, меѓутоа сепак, повремено се појавуваат и песни кои што засекогаш остануваат во музичката историја, запомнети како едни од најдобрите, а магазинот "NME" неодамна објави листа токму од таквите песни, најголемите хитови на сите времиња.

Имено, музичкиот магазин "NME" објави листа од 500 најдобри песни некогаш објавени, а титулата за најдобра песна на сите времиња ја доби "Smells Like Teen Spirit" од бендот "Nirvana", додека пак за свое место во големата "петорка" се изборија и хитовите: "Love Will Tear Us Apart" од "Joy Division", "I Feel Love" од Дона Самер, "How Soon Is Now" од "The Smiths" и "Last Nite" од "The Strokes".

"Smels Like Teen Spirit" е една од последните песни напишани за албумот на групата, "Nevermind", со кој легендарните музичари се пробија на музичкиот пазар во 1991 година. "NME" тогаш оваа песна ја опиша како "шок за системот", а истата се најде на седмото место на најслушани песни во Британија. Сепак, оваа песна за кратко време му се досади на фронтменот на "Nirvana", Курт Кобејн.

"Разбирам дека од комерцијална гледна точка, оваа песна е добра, но за мојот вкус таа е премногу полирана", изјави тој во 1993 година.

Листата на магазинот "NME" е составена од страна на новинарите кои што најпрво создадоа свои лични листи од 50-те најдобри музички албуми некогаш издадени. Овие листи потоа беа споени со Топ 50 листите за најдобри песни во секоја измината година, па на тој начин се создаде и листата од 500 најдобри песни за кои што овој угледен музички магазин некогаш пишувал.

Во октомври 2013 година, магазинот "NME" го прогласи албумот "The Queen Is Dead" од бендот "The Smiths" за најдобар албум на сите времиња.