Hummel изработи специјални патики за Кирил Лазаров

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.01.2017 - 18:41

Нашиот ракометар и најдобар десен бек во светот, Кире Лазаров, на претстојното Светско првенство во Фанција ќе настапи со специјални патики кои за него ги изработи неговиот спонзор "Hummel".

Патиките се во боите на Македонија, односно црвено-жолти, а покрај неговото презиме, впишан е и бројот 7, со кој Лазаров настапува за македонската репрезентација.

Инаку, лазаров е еден од заштитните лица на овој популарен бренд, заедно со Хансен, Томас, Хајневетер...

Мора да признаеме дека патиките навистина изгледаат извонредно, а се надеваме и дека ќе донесат многу среќа и победи за нашиот Кире на претстојниот Мундијал.