Huawei во Октомври ќе ни го претстави AI паметниот телефон!

Huawei во Октомври ќе ни го претстави AI паметниот телефон!

Компанијата Huawei ветува дека ќе ни донесат нова револуција откако најави дека во месец октомври ќе го претстави својот прв “AI smartphone” под називот Mate 10. 

Huawei никогаш не беше суптилен кога се работи за нивните маркетингшки најави, а доказ за тоа е и неодамна објавениот видео запис на друштвената мрежа Facebook. Кинеската компанија веќе го поттисна Apple од второто место како најголем производител на паметни телефони на светот, а новата мета е новиот “невронски мотор” на iPhone, хардвер со вештачка интелигенција.

И иако најавите можеби звучат бомбастично, не може никако да се оспори фактот дека Huawei апсолутно одлично напредува во светот на вештачката интелигенција. Вградувањето на AI чипови во мобилните телефони е секако голема предност, бидејќи тие овозможуваат побрза обработка на податоците, подолго траење на батеријата, како и погомела безбедност за корисникот. На минатогодишниот IFA саем во Берлин оваа компанија ни претстави нов чип, Kirin 970, којшто поседува сопствена невронска единица – NPU.

И исто како и невронскиот погон на Apple, NPU единицата на Huawei се состои од шест јадра во внатрешноста на чипсет којшто обавува AI задачи. Сепак, можно е тоа дека AI интеграцијата на Huawei ќе биде и уште подлабока.

Претходниот флегшип модел на оваа компанија, Mate 9, користеше машинско учење како би го прилагодил оперативниот систем на уредот кон навиките на неговиот корисник, пренасочувајќи ја снагата и меморијата на најчесто извршуваните задачи. Целта на Huawei овојпат е да ја прошири AI технологијата на целокупниот систем.

Можеби Huawei со ова и не ни најавува само AI хардвер, туку и софтвер којшто ќе ги искористи можностите за учење.