Huawei Mate 9 доаѓа со дигиталниот асистент Alexa

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.01.2017 - 17:20

Huawei Mate 9 е првиот телефон кој на пазарот ќе пристигне со инсталиран дигитален асистент, наречен Alexa, на кој ќе можете да му давате задачи како местење на аларм или креирање на листа со обврски, а ќе ви дава информации и за вести или временска прогноза.

Amazon веќе некое време го форсира користењето на нивниот дигитален асистент во сѐ поголем број на уреди, но ова е прв пат Alexa да биде однапред инсталирана на телефон, што е голем предизвик за асистентот на Apple - Sirri или Google Assistant.

Покрај оваа опција, Huawei Mate 9 има 5,9-инчен екран, 4 GB RAM меморија, 64 GB интерна меморија, сензор за отпечатоци од прсти и заден систем со двојна камера.

Тој доаѓа во две бои - сива или сребрена, а ќе чини околу 600 долари.